“Караванот за детство без пречки” присутен и во Гостивар

Таравари: Децата со пречки во развојот, да ги вклучиме во институциите заедно со другите деца

14.12.2017

УНИЦЕФ во партнерство со Скопје филм фестивал, организираше денеска мини филмски фестивал насловен како “Карван за детство без пречки”, кој има за цел да ги промовира правата и способностите на децата со попреченост.

Поздравен говор, пред прикажувањето на меѓународните анимирани филмови на теми поврзани со децата со попреченост, одржа градоначалникот на Гостивар, кој истакна дека оваа категорија на деца треба да има силна поддршка како на национално така и на локално ниво, и тие целосно да се вклучат во општеството заедно со другите деца.

“Треба сериозно да размислиме за методот на инклузија и децата кои имаат пречки во развојот да се вклучат во институциите заедно со другите деца. Верувам дека во наредните години ќе почнеме да го применуваме овој метод за децата со посебни потреби, онака како што е практика во развиените земји”, рече градоначалникот на Арбен Таравари, при што им се заблагодари на организаторите што во нивниот караван го вклучија и градот Гостивар.

На присутните им се обрати и г-ѓа Елизабет Ериксон, која им порача на децата, пораките од овие анимирани филмови да ги применуваат во нивниот секојдневен живот.

“Караван за детство без пречки” е дел од кампањата “Биди фер. За детство без пречки”, посебен акцент се става врз потребата да се ослободи потенцијалот во секое дете.

Претходно, караванот престојуваше во Свети Николе, Кавадарци, Битола, Штип и Кичево.

Информативна служба