Неделата – “Кошаркарски фестивал” во Гостивар

Во недела во 17 часот во спортската сала “РИНИА” во Гостивар, ќе се одигра кошаркарскиот натпревар помеѓу КК “Гостивар” и КК “Работнички” од Скопје. Бидејќи за натпреварот, како дерби на неделата, има голем интерес, тој ќе се емитува во живо на МТВ, а се очекува истиот да го проследи и гостиварскиот градоначални д-р Арбен Таравари.

“Почитувани, Гостивар повторно е центар на македонската кошарката. Несовладливиот Работнички во вулканот Младост, пред најсериозниот испит годинава. Во недела, во 17 часот, дојдете и бидете сведоци на спектаклот кој и МТВ избра на државата да му го пренесе во живо  на телевизија", велат од КК Гостивар.

Од таму, воедно ги повикуваат љубителите на спортот да го збогатат претстојниот „кошаркарски фестивал" и да ги поддржат кошаркарите КК Гостивар во репризата на финалето од 2000 година, што ја доенесе единствената шампионска титула во Гостивар.

Служба за информирање