Општина Гостивари цели на грант од половина милион евра за средното техничко училиште „Гостивар“

,

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари оствари средба со претставниците на компаниите, MN Engineering Laboratory, Frigoteknika 2000, Lear Corporation и техничкото училиште од Гостивар.

На средбата меѓу градоначалникот Арбен Таравари и претставници на компаниите и училиштето, се разговараше за ппроцесот на аплицирање – втора фаза за одобрениот грант од Регионалниот фонд за предизвици (RCF) – Германска банка за развој која ја прифати првата фаза на аплицирање и сега следи втората фаза на комплетирање и одобрување.

Преку оваа апликација, СОТУ „Гостивар“ добива грант од 510.000 евра и има за цел да го зајакне значењето на пазарот на труд, образованието и стручното усовршување, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за давателите на обуки во соработка со партнерските компании.

За општина Гостивар приоритет останува инвестирањето во основните и средните училишта, додека по континуираните инвестиции во стручните училишта, годинава има зголемување од над 25% на интересот за пријавување во средните стручни училишта во Гостивар.