Перцепцијата на граѓаните за корупција на локално ниво во општина Гостивар бележи пад

02.02.2021

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, учествуваше на денешната јавна дебата организирана од страна на Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ – Гостивар. На оваа дебата беа јавно објавени наодите од извештајот за Проценка на опасните области на корупција на локално ниво.

“Нашата транспарентна работа во овие три години, нè ваѓа и во истражувањето многу подобро од некои други општини во земјава. Според најновото истражување спроведено од АДИ, Општина Гостивар резултира со скоро исчезната корупција. Перцепцијата на над 600 граѓани е дека корупцијата во Гостивар постојано опаѓа, додека слободата на изразување на граѓаните и граѓанското општество за да го кренат својот глас за секој феномен што не треба да се случи во местото на живеење“, истакна градоначалникот Таравари.

Ова истражување, спроведено од (АДИ), дојде преку Проектот на УСАИД за учество на граѓаните и граѓанското општество за политики и прашања насочени кон корупција. Општините Битола, Кавадарци, Куманово и Штип се исто така дел од ова истражување.

Служба за информирање