Поставени кошеви за собирање пластични шишиња и картон во Гостивар

,

09.09.2020

Со цел да се подигне свеста на граѓаните за заштита на животната средина, Општина Гостивар преку јавното претпријатие „Комуналец“во најфреквентните делови од градот постави кошеви за собирање пластични шишиња и картон.

Сега засега сме поставиле кошеви само на пет локации, и тоа центарот на градот, на две локации кај шеталиштето на реката Вардар, кај малото пазарче и спроти Центарот за култура. Ова е повеќе како почеток, односно за подигнување на свеста кај граѓаните, а потоа ќе поставиме и на многу други локации, со надеж дека во блиска иднина, собирањето на отпадот ќе се изврши целосно селективно“, соопштуваат од јавното комунално претпријатие.

Кошевите се изработени од самите вработени во јавното претпријатие и се разликуваат по форма, односно оние за фрлање пластични шишиња имаат форма на шише, додека оние за фрлање картон се воформа на кафез.

Склучен е договор со една компанија која ќе ги собира, односно редовно ќе ги празни и че ги испраќа на рециклирање.

Служба за информирање