По повод 8 Aприл – Меѓународниот ден на Ромите

По повод 8 Aприл – Меѓународниот ден на Ромите, денеска на настан организиран во општина Гостивар, имав чест и задоволство да го пречекам Неговата Екселенција, Амбасадорот на Индија во Бугарија и РСМ со седиште во Софија, г. Санџај Рана. Имавме конструктивен разговор со амбасадорот, со надеж за афирмација на пријателството и соработката во иднина.

Многу честитки до ромската заедница, со најискрени желби за просперитет и еднаквост каде и да живеат.