Празнична програма за децата со посебни потреби од Гостивар

,

22.12.2017

На иницијатива на градоначалникот на Гостивар, со поддршка на ресторанот “Вита Аби” и во соработка со Дневниот центар, специјалните паралелки, пејачи и спортисти од Гостивар, денеска се организираше заеднички ручек придружен со свечена програма за децата со пречки во развојот .

“Го организиравме овој скромен но мошне значаен настан, за да се дружиме со овие деца, да разговараме со нивните воспитувачи, да разбере кои се потребите за нивно воспитание и образование, и да видиме што можеме ние како Општина да помогнеме за создавање на подобри услови. Воедно дојдовме да им ги честитаме новогодишните празници и како Општина да им поделиме мали подароци на децата”, рече градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари.

Аслијан Снопче – раководителка на Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар, објасни дека на настанот присуствуваат ученици и воспитувачи од Дневниот центар за деца со посебни потреби и од специјалните паралелки на основните училиште “Исмаил Ќемали” и “M.K. Ататурк”.

“По иницијатива на градоначалникот одлучивме да ја организираме оваа активност со цел што повеќе да ги социјализираме овие деца, бидејќи соодветниот третман и социјализацијата, многу им помага во животот. Би сакала да изразам благодарност до ресторанот “Вита Аби”, чиј сопственик секогаш им помага на луѓето кои имаат потреба и поддржува голем број активности со социјален карактер”, истакна г-ѓа Снопче.

Децата имаа прилика да го проследат настапот на гостиварските млади каратисти подготвени од европскиот шампион во карате Берат Јакупи, ги насмеа маскотата “Kученце”, а за нивно добро расположение се погрижи Хајдар Хајдари – Дали и Бетиме Јакупи.

Од дневниот центар и специјалните паралелки им се заблагодарија на сите оние кои придонесоа за одржување на активноста и изразија надеж за поголема соработка во иднина.

Служба за информирање