Предавања за чист воздух во гостиварските основните училишта

,

14.03.2018

Во три основни училишта во општина Гостивар, во ОУ “Исмаил Ќемали”, ОУ “Гоце Делчев” и ОУ “Единство” се одржаa предавањa за заштита на животната средина, на чиј фокус беше амбиенталниот воздух.

Активноста ја реализираше еколошкото здружение “Еко Герила” – Тетово, а на предавањата учествуваа учениците од седмо, осмо и деветто одделение.

Целта на ова предавање беше подигањето на свеста кај учениците за заштита на животната средина со посебен фокус на воздухот, кој што во Полог според официјалните мерења е најзагаден во земјата и пошироко.

“На денешните предавања присуствуваа над 160 ученици од седмо, осмо и деветто одделение од трите училишта. Целта на предавањата е да се едуцираат и да се информираат учениците за заштита на животната средина. Покрај предавањата, на учениците им споделивме и едукативни брошура со наслов Бидете пример за другите”, истакна Арианит Џафери, претседател на Здружението “Еко-герила“, кој воедно ги одржа и предавањата.

Потсетуваме дека на инсистирање на градоначалникот Арбен Таравари, ресорното министерство инсталираше мерна станица зa квалитетот на амбиенталниот воздух во Гостивар, а мерења покажуваат загрижувачки бројки.

Служба за информирање