Во Република Македонија за првпат пред 172 години односно на 20.05.1836 год. во градот Битола по големиот пожар во кој изгорела целата битолска чаршија од левата и десната страна на реката Драгор се организира здружение на доброволни пожарникари.

Противпожарна Единица – Гостивар е формирана од 1957 година и работи се до 1975    година под локалната самоуправа кога со одлука на Собранието на тогашната Социјалистичка Федеративна Републикиа Југославија сите противпожарни служби преминуват под буџетот на Републиката односно во склоп на Министерството за Внатрешни работи и се преименуват во Територијални Противпожарни Единици, а во 2005 година поточно од 01.07.2005 година повторно со одлука на Собранието на Република Македонија и со Законот за пожарникарство сите Територијални Професионални Противпожарни Единици поминуват под ингиренција на локалната самоуправа.

Професионалната противпожарна единица на Општина Гостивар ве запознава вас со храброто занимање Пожарникар. Ве советува како да се спречи настанувањето на пожарите и да даде разни занимливи информации од подрачјето на пожарникарството и противпожарната заштита.

Огнот е добар слуга, но лош господар. За жал. тоа е вистина, колку и да е огнот незаменлив во секојдневниот живот, толку е штетен и кога огнот ќе загосподари, зад него остава големи последици и пустош. За среќа уште пред неколку стотини години храбрите луѓе почнале да се здружуваат во здруженија во кои безрезервно се бореле со огнот и ги спасувале луѓето и нивните имоти од несаканите огнени појави.

Професионалната Противпожарна единица – Гостивар е професионална, стручна, хуманитарна, непрофитабилна и неполитичка Единица од посебни интереси на градот Гостивар.   Територијалната Професионална Противпожарна Единица Гостивар брои 31 вработени професионални пожарникари .

1 – Командир на ТППЕ – Гостивар

1 – Зам.Командир на ТППЕ – Гостивар

4 – Командири на Вод

4 – Зам.Командири на Вод

16 – Возачи пожарникари

13 – Пожарникари

Работното време на пожарникарите е по 12 часа.

Што работат професионалните пожарникари:

Пожарникатите ги штитат луѓето, животните и имотите на луѓето загрозени од пожари, поплави, земјотреси и други катастрофи, а дејствуваат и во разни технички интервенции како што се: сообраќајни несреќи, вадење на давеници, спасување на луѓе и животни од длабочини и од височини и разни други згоди и незгоди.  На самиот знак за дојава на настанат пожар или некој друг вид на интервенција кој е пријавен на карактеристичниот број 193, пожарникарите итно со соодветната опрема тргнуваат на местото на настанот за да започнат што побрзо со гаснењето или спасувањето.  Бидејки станува збор за многу сложени работи во Единицата е потребна добра организација и тимска работа.

Работни услови:

Пожарникарите работат во многу различни услови. При гаснењето на пожари и други работни акции изложени се на многу штетни влијанија. Најчесто се изложени на опасности од огнот, чадот, отровните пареи, рушењето на објектот, паѓање на разни премети, истекување на отровни хемикалии и киселини и сл.. Во акциите речиси секогаш се изложени на влага и разни временски влијанија: сонце, дожд, снег, лед и сл. За да се намалат тие штетни влијанија, се применуваат технички и лични заштитни средства (заштитни одела, заштитни кондури, заштитни шлемови, изолациони апарати со комприминиран воздух, заштитни маски, скали, јажиња и сл.) зависно од видот на настанот. Пожарникарите мора да работат многу брзо и увежбано во склоп на потребите од превземената акција координирано со другите пожарникари учесници во акцијата и да се однесуваат како еден тим . Работното време на пожарникарите е 12 часа, а после тоа се слободни наизменично 24 часа или 48 часа.            Работат дење, ноќе, во викенд и на празници. Пожарникарот мора да биде здрав и во добра телесна кондиција, да има исправен слух и осетливост за рамнотежа за работа на висина, да има добар вид и уредно видно поле, да има здрав и уреден дишен систем, стабилен крвен притисок, складен сооднос на горните и долни удови, добра ориентација и координација. Важни се и емоционалната стабилност, социјалното прилагодување и склоноста кон тимска работа.

Контакт:

Адреса: Беличица Бр. 35

E –mail : fire.193@gostivari.gov.mk

Тел. : 193
042- 218 144