Работа за зајакнување на квалитетот и соработката на нашите училишта!

ООУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар, од денес станува партнер со Германскиот институт “Гете“во Скопје , кој е дел од глобалната мрежа на иницијативата “Училишта: партнер и иднината“ (PASCH).
Со меморандумот потпишан помеѓу училиштето и институтот, Општина Гостивар уште еднаш ја докажа заложбата за да ги подготвиме нашите деца од рана возраст да бидат рамноправни граѓани со секој граѓанин на ЕУ кон што сме ориентирани и сакаме да стане дел од ова големо семејство.
Учествував на настанот заедно со германската амбасадорка во нашата земја Анке Холштајн, министерката за образование и наука , Мила Царовска, заменик министерот Арафат Шабани, претставниците на Гете институтот и директорката на училиштето “Исмаил Ќемали“, Шпреса Усеини.