ЈП Риниа
Јавно Претпријатие за Стопанисување со Спортски Објекти ”РИНИА” – Гостивар

Општи одредби

ЈПССО ”РИНИА” има својство на правен субјект.

Седиштето на Претпријатието е во Гостивар во просториите на Спортската сала ”Младост” од влезот исток 1 на втор спрат.

ул. Б Ѓиноски бб
1230 Гостивар

Контакт тел. 042 215 656

Дејности

  • Рекреативни, спортски, културни и забавни активности
  • Спортски активности
  • Рекреативни активности
  • Културни и забавни активности
  • Други активности

Претпријатието може да врши и други дејности одредени според својот Статут.За сите активности Претпријатието е должно за да организира и да води евиденција , да организира и води посебна евиденција за книговодството за претставувањето на резултатите од работењето.

Органи на претпријатието

Управните органи на претпријатието се : Управен одбор, Одбор за контрола на материјално- финансиското работење и директорот.

Управниот одбор на Јавното претпријатие се состои од 7 членови кои ги именува основачот, од кои 5 членови од самиот основач додека двајца од вработените во Претпријатието. Одборот за контрола на материјално-финансиското работење се состои од 5 членови а кои ги именува основасчот.

Одговорното лице за претставување на Јавното претпријатие е директорот кого го избира Градоначалникот на Општина Гостивар преку јавен конкурс. Како вршител на должноста Директорот на Јавното претпријатие “РИНИ” е избран професорот по физичко воспитување Џези Камбери.

Активности

Веднаш по добивањето на надлежнсотите во Спортската сала “Младост” новото раководство на чело со Диреткорот го именија Џези Камбери се презедоа една серија на спортски активности, рекреација и културо-забевен живот. Вреди да се спомне:

Организирање и одржување на првенствените натпревари на лигите во Македонија , на екипите од нашата општина во кошарка, ракомет и мал фудбал (екипата на Југоисточна Европа од Тетово);

Активизирање на училиштата за кошарка и ракомет со соодветен професионален кадар со ученици од средните училишта;

Организирањето на турнирот “Рамазани 2005” во чест на светиот месец Рамазан . вкупно пријавени 13 екипи групирани во четири групи и одиграната игра во бод систем. На Денот на Арифе се одигра финалето помеѓу екипите ПЛАНЕТ и КАФЕ КЛУБ 2001 . Подобар беше Планет кој што го освои купот и медаљата за првото место . Второ место освои КАФЕ КЛУБ 2001 додека трето ПИЦА БЕНИ ЕУРОТЕХНИКА на кои им се доделија медаљи. На најдобриот играч , стрелец и голман им се доделија благодарници.

Во средината на октомври се одржа концерт со албанска забавна музика со познати пеачи до албански простори
На 29.10.2005 се одржа концерт на песната за деца на фестивалот “ИЛБЕРИ 2005” добро присуство на деца поради добриот начин на организирање преку основните училишта;

Секој ден од 19:00 до касните часови користење на салата за рекреација во мал фудбал.