СТАТУТ

НА

ОПШТИНА ГОСТИВАР

  25.01.2006

Гостивар

Врз основа на член 7 и 36 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), Советот на Општината Гостивар на седница одржана на 25.01.2006 година, донесе

С Т А Т У Т

НА ОПШТИНА ГОСТИВАР

I. Општи одредби

Член 1

Општина Гостивар е основана и нејзиното подрачје е утврдено со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр. 55/04).

 Член 2

Со овој статут на Општина Гостивар (во натамошниот текст: Општината), во согласност со закон, се уредуваат:
–    организацијата и работата на органите на Општината;
–    организацијата и работењето на комисиите на Советот на Општината;
–    вршењето на работите согласно начелото на супсидијарност;
–    начинот на информирање на граѓаните и слободниот пристап до информации од јавен карактер;
–    случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот на Општината;
–    начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на Општината и постапување по нив;
–    начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;
–    начинот на објавувањето на прописите на Советот;
–    начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба;
–    месната самоуправа;
–    начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината;
–    како и други прашања од значење за Општината.

Член 3

Определени прашања сврзани со остварувањето на надлежностите, процедурите за работа и одлучување во Советот на Општината, поблиску се уредуваат со деловник на Советот на Општината (во натамошниот текст: деловник).
Деловникот го донесува Советот на Општината (во натамошниот текст: Совет), со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Член 4

Општината има свој празник.

Празник на Општината е 23. Декември – денот на конституирањњето на првиот плуралистички совет на Општина Гостивар.

Член 5

Седиштето на Општина Гостивар е во град Гостивар, булеварот “Браќа Ѓиноски,, бр,61.

Член 6

Општината има грб и знаме.

Член 7

Грбот на Општината е претставена на замок кој ја изразува прегледноста на древноста на градот, во средината е поставена СААТ КУЛАТА со која се изразува изворната архитектура на градот, а во позадината е презентирана реката Вардар во форма на лак што го изразува текот на реката, од левата страна се простира планината Шар, а од десната страна се простира Сува Гора, со испреплетување на целата површина на белата, сивозатворената и сивоотворената боја.

Член 8

Знамето на општината има правоаголна форма со сивозатворена боја, а во левиот горен агол се наоѓа грбот на општината со сите споменати елементи за грбот.

Член 9

           Општината има печат со тркалезна форма со пречник од 30 (триесет) милиметри, во чија средина се наоѓа грбот на општината и на рабови е испишано со текст на Македонски и Албански јазик „Република македонија-Општина Гостивар-Гостивар, а додека од десната половина на печатот Republika e Maqedonisë-Komuna e Gostivarit-Gostivar.

II. ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТЕЊЕ НА ОРГАНИТЕ НА ОПШТИНАТА

1. Совет 

а) Конституирање

Член 10

Конституирањето на Советот, се врши со верификација на мандатот на членовите на Советот избрани на начин утврден со закон и со давање и потпишување на свечаната изјава со содржина утврдена со закон.
Верификацијата на мандатите на членовите на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот, по предлог на Комисија за прашања на верификација, избори и именувања што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот.
Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, ја врши Советот на првата седница на која што тие ќе присуствуваат.

Член 11

Постапката за верификација на мандатите на членовите на Советот поблиску се уредува со Деловникот.

b) Права и должности на членовите на Советот 

Член 12

Членот на Советот има права и должности утврдени со закон и со овој Статут.
Членот на Советот се стекнува со своите права и должности по верификацијата на мандатот.

Член 13

Членот на Советот има право и должност:
–    да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;
–    да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
–    да бара од администрацијата на Општината (во натамошниот текст: администрација), како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
–    да бара  и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;
–    да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.

Член 14

Членот на Советот има право да присуствува и учествува во работата на седница на комисија на Советот, иако не е член на комисијата, но без право на одлучување.

Член 15

Членот на Советот кој од оправдани причини е спречен да присуствува на седници на Советот и на на комисија чиј член е, должен е за тоа благовремено да го извести претседателот на Советот и претседателот на комисијата како и скретарот на Општината.
Членот на Советот кој од оправдани причини подолго време е спречен да присуствува на седници на Советот и на комисија чиј член е, има право да побара од Советот одобрение за отсуствување од седниците.
По барањето од ставот 2 на овој член, Советот одлучува без претрес.

в) Претседател на Советот 

Член 16

Претседателот на Советот го избира Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број  членовите на Советот.
Предлог за претседател на Советот може да даде секој член на Советот.
Изборот на претседател на Советот може да се изврши и со тајно гласање, доколку за таков предлог на член на Советот одлучи Советот со мнозинство од присутните членови на Советот.
Постапката за избор на претседател на Советот со тајно гласање се уредува со Деловникот.

Г) Начин на работа

Член 17

Советот работи на редовни седници, а по потреба може да одржува свечени и вонредни седници.

Член 18

Денот, часот и местото на одржување на редовна седница на Советот, како и предлогот на дневниот ред по кој ќе се работи на седницата се објавуваат на огласна табла  на Општината.
Претседателот на Советот може да одлучи денот, часот и местото на одржување на седницата на Советот, како и предлогот на дневниот ред да се објават во средствата за јавно информирање.

Член 19

Советот одржува свечени седници за одбележување на значајни историски настани, а може да одржува свечени седници и за ислушување на говори на наши и странски државници, претставници на меѓународни организации и истакнати граѓани на странски држави како гости на Општината.

Член 20

Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните и во случаи на вонредни околности.
Вонредна седница на Советот свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива или на барање од најмалку 1/3 од членовите на Советот или на предлог на градоначалникот.

Поканата за вонредна седница заедно со предлогот на дневен ред на членовите на Советот им се доставува на најбрз можен начин.
Пред отпочнувањето со работа на седницата, членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на вонредна седница, без претрес  и со мнозинство од присутните членови на Советот.

Член 21

Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, со седницата претседава најстариот член на Советот.

Член 22

Советот може да одлучи со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, гласањето по определени прашања да биде тајно.

Член 23

Свикувањето на седниците на Советот, утврдувањето на дневниот ред, текот на седницата, записниците, постапката за донесување на акти и други прашања сврзани со работата на Советот, поблиску се уредуваат со Деловникот.

1.    Градоначалник 

Член 24

Градоначалникот ги врши своите надлежностите во рамките утврдени со закон и овој Статут.

Член 25

Градоначалникот присуствува и учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на
комисиите на Советот и посебните тела на Општината, без право на одлучување.
Градоначалникот може да определи и свои претставници кои присуствуваат и учествуваат во работата на седниците на Советот, неговите комисии и посебните тела на Општината.

Член 26

Градоначалникот по сопствена иницијатива и по барање на Советот, го известува Советот за извршување поодделни работи од негова надлежност.

Член 27

Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината.
Градоначалникот управува со сопственоста на Општината во јавен интерес и како добар домаќин.
Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Општината, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Општината во согласност со закон.

Член 28

Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините.

Член 29

Градоначалникот со решение определува член на Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.
Решението од став 1 на овој член градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата.
Решението од став 1 на овој член се објавува во “Службен гласник на Општината Гостивар”.
За настапувањето на спреченоста или отсуството, градоначалникот го известува претседателот на Советот и членот на Советот кој ќе го заменува.

2. Посебни тела на Општината

а) Комисија за односи меѓу заедниците

Член 30

Во Општината е формира Комисија за односи меѓу заедниците (во натамошниот текст: Комисија).
Комисијата ја сочинуваат по (1) еден претставник на заедниците кои се  застапени во Општината, со мандат од 4 (четири) години.
Членовите на Комисијата не може да се избираат од редот на членовите на Советот.

Член 31

Одлука за формирање на Комисијата донесува Советот, на предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања.

Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања го составува предлогот од став 1 на овој член по претходно добиени предлози на политичките партии застапени во Советот.

Член 32

Комисијата од редот на своите членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Комисијата, со јавно гласање.

Член 33

Комисијата работи на седници.
Седниците ги свикува  и со нив раководи претседателот на Комисијата.
Комисијата може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број членови на Комисијата.
Комисијата одлучува со мнозинството од вкупниот број членови на Комисијата.
На седниците на Комисијата може да присуствуваат и учествуваат во работата, градоначалникот на Општината и претседателот на Советот, без право на одлучување.

Б) Совет за заштита на потрошувачите

Член 34

Во Општината се формира Совет за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите е составен од 10 членови, претставници на поголемите групи на корисници на јавните услуги во општината.
Членовите на Советот за заштита на потрошувачите не може да се избираат од редот на членовите на Советот на Општината.

Член 35

Одлука за формирање на Советот за заштита на потрошувачите донесува Советот на Општината, на предлог на
Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања.
Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања го составува предлогот од став 1 на овој член по претходно добиени предлози на облиците на месна самоуправа во Општината.

Член 36

Советот за заштита на потрошувачите од редот на своите членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите, со јавно гласање.

Член 37

Советот за заштита на потрошувачите работи на седници.
Седниците по правило се јавни.
Седниците ги свикува  и со нив раководи претседателот на Советот за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.
Советот за заштита на потрошувачите одлучува со мнозинството од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.
На седниците на Советот за заштита на потрошувачите можат да присуствуваат и учествуваат во работата градоначалникот и претседателот на Советот на Општината, без право на одлучување.

Член 38

Советот за заштита на потрошувачите разгледува прашања и утврдува предлози кои што се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби на Општината, а особено:
–    ја следи состојбата на давањето на услуги од јавните служби;
–    се грижи за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при користење на услугите од претпријатијата  и установите што вршат јавни услуги;
–    се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги кон корисниците на услугите;
–    организира јавни трибини  и други форми на учество на граѓаните на кои ќе се расправа за унапредување на заштитата на потрошувачите.

В) Партиципативно тело од областа на урбанизмот

Член 39

Во Општината се формира партиципативно тело од областа на урбанизмот (совет, одбор), заради пренесување на ставовите и мислењата на граѓаните и правните лица во процесот на урбанистичкото планирање, како и заради следење на состојбите и давање иницијативи насоки и сугестии во процесот на планирање и изготвување плански решенија за Општината.
Партиципативното тело од областа на урбанизмот се состои од 5 членови.

Член 40

Одлука за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот донесува Советот, на предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања.
Членовите на Партиципативно тело од областа на урбанизмот се избираат:
–    од редот на членовите на Советот;
–    по предлог на облиците на месна самоуправа;
–    по предлог на здруженијата на граѓани;
–    здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот и
–    од општинската администрација.

Член 41

Партиципативно тело од областа на урбанизмот од редот на своите членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на партиципативното тело, со јавно гласање.

Член 42

Партиципативно тело од областа на урбанизмот работи на седници.
Седниците по правило се јавни.
Седниците ги свикува  и со нив раководи претседателот на Партиципативно тело од областа на урбанизмот.
Партиципативно тело од областа на урбанизмот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број членови.
Партиципативно тело од областа на урбанизмот одлучува со мнозинството од вкупниот број членови.
На седниците можат да присуствуваат и учествуваат во работата градоначалникот и претседателот на Советот, без право на одлучување.

III. Организација и работење на комисиите на Советот на Општината

1.    Комисии на Советот 

Член 43

Советот ги образува следните постојани комисии:
–    Комисија за прашања на верификација, избори и именувања,
–    Комисија за финансии и локален економски развој,
–    Комисија за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата,
–    Комисија за комунални работи и сообраќај,
–    Комисија за јавни дејности,
–    Комисија за правни и нормативни работи и
–    Комисија за полова раноправност.

Делокругот на комисиите од став 1 на овој член се определува сo деловник на Советот.

Советот може да образува и други постојани и повремени комисии, чиј состав и делокруг се определува со актот за нивното формирање.


2.    Состав, избор и начин на работа на комисиите

Член 44

Комисиите на Советот се состојат од претседател и минимум 2 члена.

Член 45

Избор на претседател и членови на комисија на Советот се врши на предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања.
Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања го дава предлогот од став 1 на овој член врз основа на претходно доставени предлози на политичките партии застапени во Советот, при што води сметка за примена на принципот за нивна пропорционална застапеност во комисиите, имајќи го предвид вкупниот број на комисиите на Советот.
Изборот на претседател и членови на комисија се врши со мнозинство од присутните членови на Советот.

Член 46

Предлог за разрешување на претседател и членови на комисија може да даде комисијата, Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања, најмалку 3 (три) членови на Советот и претседателот на Советот.
По предлогот за разрешување одлучува Советот, со јавно гласање, со мнозинство на присутните членови на Советот.

Член 47

Избор заради промена на поодделен член на комисија се врши на предлог на Комисијата за прашања на
верификација, избори и именувања, при што не може да се наруши принципот на пропорционална застапеност на партиите во комисиите.

Член 48

Комисијата работи на седници.
Дневниот ред на седницата на комисијата се утврдува на почетокот на седницата.

Член 49

Комисијата може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството членови на комисијата.
Комисијата одлучува со мнозинство гласови на присутните членови.

Член 50

Ако одлучи да му поднесе извештај или предлог на Советот, комисијата определува свој известител, кој по налог на комисијата, по сопствена иницијатива или по барање на Советот, на седницата на Советот ќе го образложи ставот или предлогот на комисијата.

Член 51

На седницата на комисијата задолжително присуствува претставник на предлагачот на материјалот што се разгледува.
Претставникот на предлагачот има право на седницата на комисијата да учествува во разгледувањето на предлогот што го поднел.

Член 52

Комисијата има право од предлагачот да бара известување, појаснување, како и други податоци што и се потребни за работа, а со кои предлагачот располага или е должен да ги собира и евидентира.

Член 53

На седниците на комисијата може да присуствуваат и да учествуваат претставници на органи, организации, заедници и здруженија, како и научни, стручни и јавни работници, заради изнесување на нивни мислења по прашањата што се разгледуваат на седницата на комисијата.
Поканата до лицата од ставот 1, ја доставува претседателот по претходна консултација со членовите на комисијата.

IV. Вршење на работи според начелото на супсидијарност

Член 54

Општината, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, има право на своето подрачје да спроведува иницијативи во врска со сите прашања од значење за Општината, што не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.
Определувањето на работите од став 1 на овој член, дефинирањето на нивната содржина, начинот и постапката на нивното вршење се уредуваат со посебни одлуки на Советот, по предлог на градоначалникот.

Член 55

     Општината може да доделува награди.
Наградите се доделуваат како знак на признание за постигнати остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, културата, образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Член 56

     Наградата може да се доделува на физички и правни лица од Општината, Републиката и од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници.

Член 57

     Советот формира одбор за доделување на наградата.
Работата на одборот поблиску се уредува со одлука на Советот на Општината.
Средства за наградата и за работа на одборот се обезбедуваат од Буџетот на Општината и од други извори на приходи.

Член 58

Општината може да востановува други награди и признанија.

V. Информирање на граѓаните и слободен пристап до информации од јавен карактер

а) Информирање на граѓаните

Член 59

Органите на Општината, комисиите на Советот на Општината и јавните претпријатија и установи основани од Општината ги информираат граѓаните за одлуките и своите активности кои се од непосредно значење за животот и работата на граѓаните во Општината и за други информации од јавен интерес.
Граѓаните се информираат за:
–    прописите кои ги донесува Советот на Општината;
–    начинот и условите за остварување на нивните права;
–    обврските на граѓаните кои произлегуваат од надлежност на Општината;
–    плановите, проектите и програмите кои се во подготовка а се од значење за развојот на Општината;
–    услугите кои ги добиваат од јавните служби и градската администрација и начинот на нивно добивање;
–    приходите кои се остваруваат во Општината и начинот на нивна распределба и трошење;
–    јавните набавки;
–    именувањето на директори и претставници во управните одбори на јавните претпријатија и установи;
–    други информации кои произлегуваат од надлежноста на органите на Општината и јавните претпријатија и установи во согласност со закон.

Член 60

Информирањето на граѓаните се врши редовно, без надоместок, преку:
–    издавање службен гласник на Општината;
–    издавање и дистрибуција до граѓаните на месечни информативни билтени;
–    објавување на публикации;
–    информативни канцеларии водени од општинската администрација и јавните служби основани од Општината;
–    огласни табли (во простории на Општината, јавните претпријатија и установи, меснaта самоуправа);
–    веб сајт(web sites);
–    јавни трибини;
–    средствата за јавно информирање и
–    на друг соодветен начин кој е најповолен за информирање на јавноста.

Член 61

Информирањето на граѓаните се врши на службените јазици кои се користат во Општината.
Советот на Општината со посебна одлука може да утврди за одредени информации да се информира и на јазикот кој не е службен јазик во
Општината, а го зборуваат дел од жителите на Општината.

Б) Слободен пристап до информациите од јавен карактер

Член 62

Во Општината се обезбедува правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат органите на Општината (Советот и градоначалникот), јавните претпријатија и установи основани од Општината и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања доверени од Општината (во натамошниот текст: иматели на информации).
По исклучок, во случаи утврдени со закон, правото на слободен пристап до некои информации со кои располагаат имателите на информации од став 1 на овој член, може да биде ограничен или да се обезбеди делумен пристап.

Член 63

За информации со кои располагаат и до кои се обезбедува слободен пристап, имателите на информации востановуваат и водат листа на информации која се објавува на начин кој е достапен за барателите на информации.
За листата на информации и условите и начинот на слободен пристап до информациите, граѓаните се известуваат преку огласна табла или на друг погоден начин.
Имателите на информации се должни редовно на секои три месеци да ја ажурираат листата на информации од јавен карактер со кои располагаат.
Листата на информации од јавен карактер за органите на Општината ја предлага  градоначалникот, а ја утврдува Советот.
Листата на информации од јавен карактер за јавните претпријатија и установи основани од Општината ја утврдува управниот одбор на предлог на директорот.

Член 64

Постапката за остварување на правото на слободен пристап до информации се остварува во согласност со закон.

Градоначалникот на Општината создава услови и презема мерки пропишани со закон, за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат Советот на Општината и администрацијата.Директорот на јавното претпријатие и јавната установа основанa од Општината создава услови и презема мерки пропишани со закон, за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат согласно статутот на претпријатието и установата.

Член 65

Слoбоден пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат имателите на информации имаат сите правни и физички лица (во натамошниот текст: барател на информацијата).

Слободниот пристап до информации се остварува во законски утврдениот рок:

–          со увид во документите со кои располага имателот на информацијата;

–          со добивање препис, фотокопија или електронски запис од документите со кои располага имателот на информацијата.

Имателот на информацијата за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информациите определува службено лице.

Член 66

Барателот на информацијата за извршениот увид или добиениот препис, фотокопија од електронски запис на информацијата, плаќа соодветен надоместок во висина на материјалните трошоци, утврдени на начин уреден со закон.

Барателот на информацијата при поднесувањето на барањето се известува за плаќањето и висината на соодветниот надоместок.

Член 67

Барателот на информација има право на жалба до надлежниот орган за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер доколку имателот на информацијата не ја достави бараната информација.

Член 68

Советот на Општината усвојува годишен извештај за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите во минатата година во Општината.

Годишниот извештај за остварувањето на слободен пристап до информации го подготвува градоначалникот на Општината и го доставува до Советот, најдоцна до 31 јануари во тековната година.

Извештајот од став 1 на овој член ги содржи и податоците за остварениот слободен пристап до информациите со кои располагаат и јавните служби кои ги формира Општината.

Извештајот од ставот 1, по усвојувањето се доставува до надлежниот орган за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

VI. Исклучување на јавноста од седниците на Советот

Член 69

Советот може да работи без присуство на јавноста само во случаи определени со закон и овој статут, како и кога тоа ќе го предложат градоначалникот,  претседателот на Советот или најмалку 3 (три) членови на Советот.

Исклучувањето на јавноста може да се бара, кога прашањето за кое се расправа има допирни точки со јавниот морал; кога може да ги загрози интересите на определена личност или има допирни точки со одбраната и сигурноста на граѓаните .

По предлогот од став 1 на овој член, Советот одлучува без претрес, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

VII. Претставки и предлози

Член 70

Физичките и правните лица имаат право да поднесуваат претставки и предлози што се однесуваат на работата на органите на Општината и администрацијата.

Член 71

Претставките и предлозите се поднесуваат во писмена форма или усно на записник пред овластено лице во администрацијата.

За претставките и предлозите не се плаќа такса.

Член 72

Подносителот не смее да трпи штетни последици поради поднесувањето претставка или предлог, ниту поради тоа може да биде повикан на одговорност.

Член 73

Градоначалникот, во зависност од содржината на претставката, односно предлогот овластува еден или повеќе службеници да постапат по претставката, односно предлогот.

Постапувањето по претставката, односно предлогот опфаќа прибирање на податоци, известувања и мислења за околностите што се од значење за правилно оценување на основаноста на претставката или за оправданоста на предлогот, како  и  преземање на потребни мерки за отстранување на евентуална повреда на правото на подносителот или повреда на јавен интерес.

Член 74

Градоначалникот е должен во што е можно покус рок, а најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот, на подносителот да му достави одговор.

VIII. Јавни трибини, анкети и предлози од граѓаните

Член 75

Органите на Општината, заради утврдување политика во определена област, преземање мерки за разрешување на прашања и проблеми од значење за граѓаните од подрачјето на Општината, како и при предлагање на одредени акти од своја надлежност може да организираат јавна трибина, да спроведат анкета или да прибираат предлози од граѓаните.

Видот, постапката, начинот и времето на организирање на формите на непосредно учество на граѓаните од став 1 на овој член се уредува со акт на органот што ја организира.

За организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните се објавувава соопштение во средствата за јавно информирање, во кое се назначува видот, целта, предметот и други податоци важни за организирање на соодветната форма на непосредно учество на граѓаните и се повикуваат заинтересираните за учество во истите.

Организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните, може да се врши во соработка со други општини и со облиците на месна самоуправа.

За јавната трибина, анкетата или предлозите на граѓаните се изготвува извештај.

Член 76

При организирање јавна трибина, спроведување анкета и прибирање предлози од граѓаните ќе се обезбеди:

–          текст на документот или нацрт на одлука и друг општ акт објавен на начинutvrdensozakon за да им биде достапен на граѓаните и на други заинтересирани субјекти;

–          собирање и разгледување на мислењата и предлозите што биле изнесени и

–          изготвување на  извештај.

Член 77

Начинот и постапката на организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните се уредува со Деловникот.

IX. Извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба

Член 78

Во воена состојба, органите на Општината:

–          продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со закон и

–          преземаат мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и одпоследиците предизвикани од нив.

Општината се подготвува за извршување на обврските од став 1 на овој член преку:

–          планирање и организирање на мерките за заштита и спасување за свои потреби;

–          формирање единици  и штабови за цивилна заштита, во согласност со закон  и прописи засновани на закон;

–          обучување за одбрана, односно вклучување во активности за стекнување на неопходни воено-стручни  и други знаења за учество во одбраната;

–          преземање мерки, активности и постапки за заштита и чување на тајноста на податоците, информациите и документите од областа на одбраната, во согласност со закон  и прописи засновани на закон;

–          координација  и соработка со другите општините.

X. Начин на објавување на прописите на Советот

Член 79

Прописите на Советот се објавуваат во службеното гласило на Општината, пред да влезат во сила.

Службено гласило на Општината е “Службен гласник на ОпштинатаГостивар”.

Во службеното гласило на Општината може да се објавуваат и прописи на други општини.

Член 80

Прописите на Советот влегуваат во сила, осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Општината”, а по исклучок што го утврдува Советот, најрано со денот на објавувањето.

          Прописите на Советот можат да влезат во сила и во покус рок од осум дена ако:

–          причините поради кои се предлага донесувањето на прописот и целите што се сака да се постигнат со неговото донесување се од итен и неодложен карактер;

–          не создаваат материјални обврски за граѓаните и правните лица;

–          прашањата што се регулираат се од сферата на одбраната, заштитата и спасувањето и сл.;

–          тоа го налагаат начелата на целисходност, рационалност, ефикасност, економичност, оперативност и сл.

XI. Месна самоуправа

Член 81

          Граѓаните во општината одлучуваат за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа и преку облици на месна самоуправа кои можат да ги основаат согласно со овој Статут.

Член 82

              Во територијата на Општина Гостивар, може да се основаат: Урбани заедници и Месни заедници.

      Урбаните заедници (УЗ) се основаат во урбанизирани налесени места за територија ограничена со Детален урбанистички план, како и дотични ифраструктурни критериуми.

        Месните заедници МЗ се основат низ активни рурални населени места .

Член 83

         На територијата на Гостивар и периферните гравитациони населби, се основаат 8 (осум) урбани заедници, наброени со редни броеви (I – VIII) почнувајќи од градскиот плоштад кон исток, југ, запад и север (кон движењето на стрелките на часовникот) како што следи:

           1.Урбана заедница I: се простира во централниот простор ограничен на исток со железничката линија, на југ со реката Вардар, на запад со бу.„Гоце Делчев„.

           2.Урбана заедница II: се простира долж источната страна на железницата до периферните граници со руралните населени места.

           3. Урбана заедница III : се простира во јужниот дел на градот со железничката линија, реката Вардар и бул.„Браќа Ѓиноски„ до урбаните периферни граници.

            4. Урбана заедница IV: се простира на југо-западниот дел на градот почнувајќи од бул.„Браќа Ѓиноски„   долж горниот тек на реката Вардар до урбаните периферни граници со оние руралните.

           5. Урбана заедница V: се простира  на северниот дел на УЗ – IV долж реката Вардар на исток ограничена со бул.„Браќа Ѓиноски„ додека на северниот дел долж ул. „18 Ноември„ до автопатот.

          6. Урбана заедница  VI: се простира   на северната граница на УЗ-V   кон исток долж бул.”Браќа Ѓиноски„ до автопатот

           7. Урбана заедница VII:  се простира на исток на УЗ –VIи на север на УЗ –I, до железничката линија и автопатот.

           8. Урбана заедница  VIII:  се простира на северо-запад на автопатот до границите на руралните населени места.

Член 84

          Иницијатива за основање облици на месна самоуправа можат да покренат најмалку 10 % од граѓаните, жители на подрачјето за кои има интерес за основање на облик на месна самоуправа.

Член 85

          Иницијативата за основање содржи: подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање на обликот на месна самоуправа, образложение на потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани.

          „Советот на Општината дава Согласност или со Заклучок ја одбива инициативата.

           Одлука за основање Урбани или месни заедници, се донесува на Собир на граѓани  со постојано живеалиште во него, со акламација од мнозинството на присутните на собирот

Член 86

          Одлуката за основање на облик на месна самоуправа се донесува на Собир на граѓани од соодветното подрачје по пат на јавно гласање со мнозинство гласови од присутните граѓани.

          Собирот на граѓани од претходниот став на овој член го свикува градоначалникот на општината, во рок од 15 дена од денот на донесувањето на одлуката.

Член 87

          Граѓаните преку облиците на месна самоуправа, во согласност со овој Статут и одлуките за основање се грижат за:

-решавање на прашања од комунална инфрастрктура за соодветното подрачје;

-одржување на објектите од јав�