Таравари учествуваше на отворањето на Граѓанскиот ресурсен центар во Гостивар

17.05.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари присуствуваше на свеченото отворање на Граѓанскиот ресурсен центар во Гостивар.

“Ова е добра можност за невладините организации да имаат лесен пристап до потребните ресурси и информации за нивно нормално функционирање. Општина Гостивар ги гледа граѓанските организации како независен фактор во формирање на демократијата и општествениот живот, а во рамките на своите надлежности и можности континуирано ќе ги поддржува”, истакна градоначалникот Таравари во неговиот поздравен говор на отворањето на центарот.

Граѓански ресурсен центар – Гостивар е тригодишен проект финансиран од Европската Унија, а се имплементиран од страна на Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ Гостивар.

Општина Гостивар ги поттикнува граѓанските организации да ги користат услугите на овој центар и да го подигнат нивото на меѓусебна соработка.

Служба за информирање