Февруари е месец на лицата со ретки болести.

Февруари е месец на лицата со ретки болести. Во оваа прилика вчера побарав од сите советнички групи, на неформална средба, да ја поддржат мојата иницијатива за стипендирање на сите основци и средношколци во Гостивар кои боледуваат од ретки болести. Сите советнички групи се согласија дека тоа треба да се направи.
Ова е иницијатива што се случува за прв пат во нашата општина и посакувам да остане традиција и во иднина. Во знак на поддршка за овие лица, денеска заедно со претставници на Советот на општината и локалната администрација ги обоивме рацете во различни бои, за да ја подигнеме свеста дека овие луѓе не се сами и дека имаат поддршка од општеството.
Локалните активности ќе продолжат во текот на целиот месец, а наредно ќе биде осветлувањето на општинската зграда општина со разни бои, за да секој граѓанин постојано ги има на ум овие луѓе.