Именувани в.д. директорите на сите образовни институции во општина Гостивар

27.11.2017

На прес конференција, портпаролот на Општина Гостивар – Јасин Демири, ги објави имињата на новите в.д. директори на соодветните образовни установи во општина Гостивар.

Три институции ќе продолжат да ги раководат досегашните в.д. директори, а во повеќето училишта веќе се назначени нови в.д. директори. Како што знаете, градоначалникот Арбен Таравари посети неколку училипта и доби мислење од колективот, но фактот што неколку училишта не успеаја да ги посети пред да назначи в.д. директори, не значи дека тие се запоставени“, рече Демири.

Тој информираше дека сите вршители на должност директори, ќе бидат набљудувани и од општината, и од колективот, и од родителите, и од учениците и ако се утврди дека тие не успеваат да управуваат како што треба со институцијата, на нивно место ќе бидат назначени други вршители.

В.д. директорите имаат шестмесечен мандат и сите оние кои чесно и успешно ќе ја поминат оваа фаза, ако конкурираат на редовниот конкурс и доколку ги исполнуваат условите, ќе бидат избрани за директори со четиригодишен мандат, следејќи ги законските процедури“, подвлече портпаролот на општина Гостивар.

Во продолжение на прес конференцијата, Демири ги прочита имињата на в.д. директорите во сите основни и средни училишта, нижото музичко училиште и во детската градинка во Гостивар.

Следи комплетната листа на в.д. директори на јавните образовни институции во општина Гостивар:

1. ОУ Исмаил ЌемалиШпреса Усеини

2. ОУ Единство Влера Фидани

3. ОУ Гоце ДелчевСашо Шарески

4. ОУ Мустафа К. АтатуркОктај Нуредин

5. ОУ Чајлас. Чајле Мевлуде Салиу

6. ОУ Ѓон Бузуку с. Србиново Ибиш Илјази

7. ОУ Фаик КОницас. Дебреше Саније Дурмиши

8. ОУ Прпаримис. Чегране Блерим Амети

9. ОУ Лириас. Вруток Назлије Ислами

10. ОУ Форинас. Форино Зеќије Муслиу

11. Музичко училиште Енвер Стафаи –Бетиме Јакупи

12. Детска градинка- Наташа Саздоска

13. Гимназија –Дритон Имери

14. Економско училиште –Јованка Огњаноска

15. Медициснко училиште –Јетон Сулејмани

16. Техничко училипте –Гајур Изаири

Служба за информирање