Обука за третман на децата со посебни потреби

21.11.2017

Како да се постигнат подобри резултати во третманот на децата со аутизам, беше целта на денешната обука што се одржа во салата на Советот на општина Гостивар, на која присуствуваа дефектолози, логопеди, наставници, воспитувачки, социјални работници и родители на децата со аутизам.

Обуката ја спроведоа професионалци Центар за деца со аутиѕам “Летај за животот” од Елбасан, во соработка со Центарот за лица со посебни потреби “Порака” од Дебар, со логистичка поддршка на општина Гостивар.

Предавачи на обуката беа логопедот Ѓерѓи Дока, социјалниот работник Џафиор Цанкја и физиотерапевтот Ералд Паса, а на крајот на обуката беше презентиран видео материјал со успешни приказни.

Поздравен говор одржа градоначалникот на Гостивар д-р Арбен Таравари, кој рече дека аутизмот како поим, иако присутен, порано малку бил познат во нашата земја, а сега за жал нашироко е присутен и бара соодветен третман.

“Во овој правец е и оваа денешна обука, која се надевам дека ќе им помогне и на професионалците и на родителите кои имаат деца со аутизам. Им благодарам на претставниците на здруженијата од Елбасан и Дебар, за реализацијата на оваа обука и се надевам дека слични обуки и активности ќе организирате и во иднина, а општинската администрација секогаш ќе ви стои на располагање за потребна асистенција и логистика ” рече Таравари.

Покрај формалниот дел од обуката, присутните разменија искуства за третманот на децата со аутизам, а родителите имаа можност индивидуално да се консултираат со предавачите.

Служба за информирање