Одбележан Денот на албанското знаме во гостиварските училишта

28.11.2017
Со богата културно-уметничка програма, учениците на ОУ “Исмаил Ќемали”, го одбележаа 28 ноември – Денот на албанското знаме, кој коинцидира и патрониот празник на училиштето.
Претставници од Одделението за образование и Кабинетот на градоначалникот на Гостивар, положија цвеќе на бистата на архитектот на независна Албанија, Исмаил Ќемали.

“Националната историја во текот на своето постоење имала идеолози, патриоти и преродбеници, но најзаслужено место во времето на националната преродба има Исмаил Ќемали, кој не е само лидер на националното движење, туку беше и прв премиер на независна Албанија”, истакна наставничката по историја Диана Шабани и додаде дека е чест и задоволство што денес оваа образовна институција го носи неговото име.

Во уметничкиот дел од програмата, учениците се претставија со хорски и соло песни, стихотворби и народни ора.
Денот на албанското знаме, денес се одбележа во повеќе општински училишта во Гостивар, а вчера во Центарот за култура се одржа централната манифестација во организацијата на училиштата и со поддршка на Општина Гостивар.

Служба за информирање