Делегација на општина Гостивар на работна средба во општина Приштина

14.12.2017
Во рамки на соработка со општини од поширокиот регион, делегација на општина Гостивар во состав: Сеадин Ејупи – шефот на кабинетот на градоначалникот, Јасин Демири – портпарол на општината и Ријат Абдулаи – надворешен советник на општината, остварија вчера работна средба во Општина Приштина.
Тие беа пречекани од г. Мухедин Нуши – директор на Управата за администрација при Општина Приштина и неговите соработници.
При посетата, делегацијата на Општина Гостивар, домаќините одблизу ги запознаа со начинот на функционирање на општинската администрација и подготвеноста за соработка и размена на искуства помеѓу двете општини, особено во поглед на зголемување на
транспарентноста на општината кон граѓаните и нивен директен придонес во процесот на донесување одлуки за проблеми кои нив ги засегаат.
Ејупи, Демири и Абдулаи им ја честитаа на општинските челници втората победа, како потврда за нивната успешна работа во
првиот мандат.
Директорот на Управата за администрација при општина Приштина, Мухедин Нуши, кој воедно е и заменик на градоначалникот Шпенд Ахмети, рече дека тие планираат наскоро ја посетат општина Гостивар и честитките за неговиот избор, лично да му ги изразат на
градоначалникот, Арбен Таравари.