Покана до граѓаните за јавна презентација на предлог-буџетот

Почитувани граѓани,

Следствено на моите стремежите и на моите соработници, за да го подигнеме нивото на транспарентност во работата на Општина Гостивар, и со цел вие да станете активни чинители и активно да се вклучите во дебати кои директно влијаат на вашите индивидуални, групни и колективни интереси, одлучив да јас како предлагач и раководителот на Одделението за буџет и контрола – Садри Елези во својство на изготвувач, да го презентираме предлог-буџетот на Гостивар за 2018 година.

Презентацијата ќе се одржи во вторник (02.01.2018 година) со почеток во 16:00 часот во салата на Советот на Општина Гостивар.

Ве покануваме да учествувате на презентацијата и да кажете свои забелешки и предлози во однос на буџетот.

Вашите разумни предлози ќе бидат земени предвид, ќе се разгледаат и според можностите ќе бидат внесени во предлог-буџетот на Општината за 2018 година.

Се надевам дека во наредните денови ќе се постигне компромис во Советот и ќе се фати последниот рок, во првите денови на 2018 година да го усвоиме буџетот и веднаш да почнеме со негово извршување.

Со почит,
Арбен Таравари
Градоначалник на Гостивар