Таравари во Брисел: “ЕУ да ја поддржува и локалната власт во Западен Балкан”

05.12.2017
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари беше панелист на годишниот европски Самит за Балканот, “Западен Балкан на крстопат – Нови предизвици, динамика во промените”, што се одржа во Брисел.
Во своето обраќање, Арбен Таравари се осврна на клучните предизвици со кои се соочуваат општините, како што се
социјалната заштита, доброто управување и транспарентноста, инфраструктурата и животната средина.

“Процесот на европска интеграција и финансиската поддршка на Европската Комисија, досега се фокусирани исклучиво
на централно ниво, заобиколувајќи ја локалната власт. Верувам дека со новата стратегија на Европската унија за земјите
од Западен Балкан којa ќе биде усвоенa пред самитот во Софија во мај 2018 година, ќе биде посочен со овој недостаток”, вели Таравари меѓу другото, во својот говор.

На самитот учествуваа и премиерот на Албанија, Еди Рама, управен директор за Европа во Европската надворешна служба, Томас Мајр Хартинг, директорот за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, евро-пратеничката Тања Фајон и други високи личности.

Самитот беше организиран од страна на “Пријатели на Европа”, во соработка со Европската комисија, УНДП, Европската команда на Соединетите држави (ЕУЦОМ), Советот за регионална соработка (ЦРЦ), Фондацијата Конрад
Аденауер и Фондот на браќата Рокфелери.

Служба за информирање