Во три гостиварски училишта ќе може да се примени “Концепцијата за интеркултурно образование“

17.01.2018

Нансен дијалог центар Скопје, го објави списокот на потенцијалните модел-училишта во кои ќе се спроведе спроведе Концепцијата за интеркултурно образование.

Јавниот повик беше објавен од страна на Нансен дијалог центар Скопје во соработка со Министерството за образование и наука со цел избор на нови 3 модел – училишта. Во понатамошната фаза на селекција ќе се разгледаат вкупно три основни и три средни училишта на ниво на државата, од кои едно основно и две средни училишта од општина Гостивар.

“Основното училиште Единство ќе има можност да биде вклучено во програмите на Нансен тренинг центарот и во реализацијата на проектни активности со примена на моделот Нансен. Додека cредното техничко училиште и гимназијата, во следната фаза ќе бидат посетени од страна на Нансен центарот со цел да се проверат информациите и акцискиот план кои се дел од апликацијата, и врз база на кои ќе се донесе конечната одлука за избор на модел училишта“, вели раководителката на Секторот за образование, Аслиан Снопче.

Општина Гостивар целосно го поддржува интеркултурното образование и ќе стори сé што е во рамките на нејзините можности за што поуспешно спроведување на овој проект во јавните основни и средни училишта во општина Гостивар.

Служба за информирање