Кампањата “Вистината за ДУИ”, обелоденети злоупотребите на ЈП “Комуналец” – Гостивар

,

11.01.2018

Раководството на Јавното претпријатие “Комуналец” денеска одржа прес-конференција на која во склоп на кампањата “Вистината за ДУИ” откри дел од злоупотребите направени во последниот мандат од страна на кадрите на ДУИ.

“Ќе ве запознаеме денес со злоупотребите направени во Работната единица Механизација, а со злоупотребите во другите единици на јавното претпријатие ќе ве запознаеме на следните прес-конференции”, истакна портпаролот на претпријатието Миртезан Селими.

Тој наброи 13 сторени злоупотреби утврдени од страна на внатрешната ревизија, а кои исто така сведочат и самите вработени во оваа единица на претпријатието.

“Нема повеќе ножеви за чистење на снег, кои со знаење на поранешното раководство на Општината ги зела фирма блиска до нив. Трактор за чистење снег со сe ножот бил земен по наредба на поранешниот директор и сега се наоѓа во работилницата за механизмот во село Здуње. Два месеци пред локалните избори, бил продаден исправен булдожер од марката Тегол Дресер. Една недела пред изборите бил продаден багер на ICB, додека поранешниот возач на директорот зел еден кипер од марка Мерцедес”, информираше Селими.

Во продолжение тој информираше и за земање на автомобил Волво во исправна состојба, кој што го користел една и пол година исто така поранешниот возач на директорот, а ја вратил само школката (каросеријата).

“Фали Мерцедесот со жолта боја како автомобилот Хонда Акфорд за кои не знаеме каде се наоѓаат. А автомобилот Лада и ден денес се наоѓа кај поранешен работник во село Речане”, истакна Селими.

Потоа наброи и повеќе работни машини во сопственост на ова претпријатие, кои исто така се исчезнати или незаконски донирани.

“Автомобилот за обележување на патиштата го зел поранешниот раководител на Одделението за сообраќај при Општина Гостивар, кадар на ДУИ. Исто така не знаеме каде се наоѓа фрезата за сечење асфалт, а недостасуваат и други алатки за секојдневна работа. Незаконски, на Полициската станица во Гостивар им се подарени 29 пирамиди за блокирање на патот при изведување на работи”, објасни Селими.

Директорот на претпријатието Исак Лазами ги информираше новинарите дека во моментот не може да се утврди точната вредност на предизвиканата штета, но дека од презентираните податоци самите граѓани можат да утврдат дека се работи за огромна штета, особено кога се има предвид материјално-финансиската состојба на претпријатието.

Лазами, исто така, истакна дека тие како претпријатие имаат обврска да ги детектираат извршените злоупотреби и ги покани надлежните истражни и судски органи да преземат понатамошни постапки во согласност со законот.

Служба за информирање