Бојадисани внатрешните простории на ОУ “Форина”

,

19.02.2018

На барање на родителите, директорката на Основното училиште “Форина“ од село Форино гостиварско, Зеќије Муслиу, покрена иницијатива за бојадисување на внатрешните простории на училишната зграда, а истата беше поддржана и од Општина Гостивар.

“Беше барање на родителите на нашите ученици, да се бојадисуваат внатрешните простории на училишната зграда. Го видов како разумно ова барање и покренав иницијатива, а наидов и на добра волја за поддршка од страна на Општина Гостивар”, вели директорот на училиштето, Зеќије Муслиу.

Во Основното училиште “Форина” настава следат околу 250 ученици од прво до деветто одделение, а во текот на годинава ќе се отвори паралелка за ран детски развој.

Служба за информирање