“Вистината за ДУИ“ – Таравари: Градежното земјиште го продале за смешни цени

01.02.2018

Во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ”, градоначалникот на Гостивар , Арбен Таравари, на прес конференција презентираше дел од злоупотребите кои се направени во областа на урбанизмот во текот на мандатот 2013-2017 година во општина Гостивар.

“Првиот случај се однесува на продажба на градежно земјиште во сопственост на општина Гостивар, кај градската индустриска зона, на излез од Гостивар кон Тетово. Продажбата на градежно земјиште е направено за смешни цени од 211, 500, 550 и 1.600 денари за метар квадратен. Замислете за 3,50 евра (211 денари) за метар квадратен градежно земјиште, пријателот на шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, станал сопственик на градежно земјиште со површина од 7.559м2. За 500 денари по квадратен метар. лице исто така близок со поранешниот градоначалник на Гостивар, станал сопственик на градежното земјиште со површина од 2178.3m2. За 550 денари по квадратен метар, близок човек на поранешниот градоначалник, станал сопственик на градежно земјиште со површина од 1940м2. А по цена од 1600 денари за метар квадратен, што е сепак помалку од половина од реална цена за таа зона, продaдeнa е и парцела со површина од 3533м2“, истакна Таравари.

Како друг, исто така, скандалозен случај, Таравари го наведе изработувањето на проекти од страна на Проектантски бироа , каде што над половина од проектитње за станбени згради ги изработиле само од три проектантски бироа, а бројот на вакви бироа во Гостивар е многу голем.

“Конкретно, од вкупно 46 колективни згради, едно Биро за проектирање многу блиско до поранешниот шеф на урбанизам има изработено 16 такви, со вкупна вредност од 329.732 евра. Едно друго биро за проектирање, за 6 изработени проекти обезбедила средства во износ од 179.334 евра. Додека една друга фирма изработила проекти за 3 колективни остварувајќи приходи во висина од 103.368 евра. Имајќи предвид дека ова е само еден дел од направените злоупотреби во сферата на урбанизмот, секој коментар е одвишен“,м истакна градоначалникот.

Тој на новинарите им ги презентираше и документите кои го потврдуваат наведеното, како и ги запозна нив дека во врска со злоупотребите во областа на урбанизмот ќе се организираат и други прес конференции.

За наредната прес конференција, Таравари најави дека таа ќе биде посветена на злоупотребите во областа финансии, односно на луксузот кој го правел поранешниот градоначалник со пари на граѓаните.

Служба за информирање