Одрони на регионалниот пат Гостивар-Србиново, Општината успешно се справи со проблемот

2018/02/26

Општина Гостивар, преку јавните претпријатија “Комуналец” и “Јавни паркиралишта и зеленило” успеа успешно да се справи со лизгањето на земјиштето  на делницата Лакавица-Србиново, како дел од регионалниот пат Гостивар-Србиново.

До одронување на земјата на ова ридско-планинско подрачје дојде како последица од  обилните врнежи од снег и во еден дел  земјата го блокира патот со што во одреден период,  жителите од овој крај останаа отсечени од градот. Но, интервенцијата на Општина Гостивар беше итна и благодарение на интензивната работа на екипите од двете јавни претпријатија тим, за кратко време патот се врати во претходната состојба.

Патот Гостивар-Србиново е регионален пат и истиот се управува од јавното претпријатие на државно ниво “Македонија пат”. Но, Општина Гостивар, иако ја нема таа обврска, во многу случаи интервенираше за подобрување на состојбата на регионалните патишта, со цел граѓаните на Гостивар да не страдаат поради небрежност на институциите на централната власт.

Служба за информирање