Општина Гостивар, воведува електронското плаќање на комунални такси

15.02.2018

Од денес, вo Центарот за општински услуги при Општина Гостивар, почна да се спроведува електронска наплата на општински даноци за разни барања.

Воведувањето на плаќање со електронски картички, се прави со цел граѓаните да не талкаат и да не чекаат во долги редици во банките, за плаќање на општинските такси за различни барања.

Покрај заштеда на време и избегнување на малтретирања, плаќајќи со банкарски картички, граѓаните ќе ги одбегнат и високите провизии за банкарски трансакции.

Исто така, плаќање ќе може да се изврши и во одредени празници, кога банките во земјава не работат, а општинската администрација работи.

Служба за информирање