Општина Гостивар мобилизирана за чистење на снегот од патиштата, улиците и тротоари

,

26.02.2017

Под надзор на Општина Гостивар и во координација со економскиот оператор за зимско одржување на патиштата, како и со двете јавни претпријатија “Комуналец” и “Јавни паркиралишта и зеленило,” интензивно се работи за чистење на снегот од патиштата, улиците, тротоарите и другите јавни површини.

Во текот на ноќта постојано се работеше на терен и како резултат на тоа сите локални патишта и главни градски сообраќајници се проодни, а по потреба фрлена е и сол на патиштата и улиците.

Од утрото, се чистат и споредните улици, додека екипи на двете општински претпријатија ги чистат тротоарите и другите јавни површини.

Службата за зимско одржување при Општина Гостивар, состојбата ќе ја следи 24 часа на ден.

Потсетуваме дека сопствениците на деловни простори имаат законска обврска да ги чистат површините пред нивните дуќани, а апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила неправилно, за да не го попречуваат ефикасното чистење на улиците.

Служба за информирање