Во Гостивар и околината, се отстранува ниската вегетација и се чистат отпадоците

,

13.02.2018

Јавното претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило” продолжува со сеопфатни акции за уредување на зелените јавни површини на целото подрачје на општина Гостивар, како и за уредување на површини покрај локалните и регионалните патишта.

“Покрај секојдневните активности за одржување на зелените површини и јавните паркиралишта, повремено се преземат активности кои ги надминуваат нашите обврски, како што е одржувањето на појасот на регионалните патишта, со единствена цел да се овозможи слободен проток и безбедност во патниот сообраќај. Денови се работи на неколку локации, како што е влезот на село Дебреше влезот на село Лакавица, големиот градски парк и детското игралиште”, информира директорот на ова претпријатие, Музафер Зулбехари.

На влезот во село Дебреше, се отстранува грмушките долж регионалниот пат, а се чистат и отпадоците. На влезот во село Лакавица несаканата вегетација која го зафатила дури и патот, се отстранува истата и се создаваат услови за слободен проток и поголема видливост.

На големиот градски парк се работи на десната страна на реката Вардар, каде што се отстрануваат паднатите гранки како последица од врнежите и силниот ветер, додека детското игралиште се прочистува и се реновира, за да истото може да се користи.

Од ЈП ”Јавни паркиралишта и зеленило“ најавуваат дека вакви акции ќе се спроведуваат во континуитет.

Служба за информирање