Демири: Еве како управувале во образованието оние кои му ги одзедоа надлежностите на Општина Гостивар

,

15.03.2018

Тема на денешната прес-конференција во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ” беше образованието, односно лошото раководење во Средното општинско техничкото училиште “Гостивар”, за време на мандатот 2013-2017.

“Иако има многу злоупотреби во ова средно училиште, денес ќе ве информираме само за неколку од нив. Дипломиран фармацевт бил ангажиран со полн 20-часовен фонд за математички предмети. Инженер по архитектурата бил ангажиран по предмеотанглиски јазик, а она што е најинтересно, дипломиран кадар во бизнисот бил ангажирана 4 часа за екстерно тестирање, 2 часа за фотокопирање и 2 часа за Фејсбук”, информираше портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири.

Тој, како доказ, даде на увид фото-копии од решенијата за засновање на работен однос  за наведените случаи на непочитување на законските нормативи.

“Ангажирањето на овие кадри е направено само поради тоа што тие се партиски активисти и послушници на нивниот патрон”, истакна Демири.

Да потсетиме дека Министерството за образование и наука, под притисок на огранокт на ДУИ во Гостивар, му ги одзеде надлежнстите на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во делот за именување и разрешување на директори.

Информативна служба