Ученици од ОУ “Прпарими” на посета во младинската организацијата “YEP“

,

16.03.2018

Ученици од деветите одделенија на Основното училиште “Прпарими” од село Чегране, во рамките на наставниот предмет Граѓанско образование, заедно со нивните професори, посетија една од граѓанските младински организации кои дејствуваат во општина Гостивар, “Youth Empowerment Platform – YEP”.

За активностите на оваа организација, зборуваше раководителот Арлинд Муслиу, како и неколку членови на оваа организација, кои информираа дека мисија на организацијата е зајакнување на интелектот кај младите, преку разни активности и проекти.

Учениците, исто така, беа информирани тесно со некои од активностите на организацијата како што беше “Tech up”, како и за разни волонтерски активности во за доброто на општеството. Над се, учениците се запознаа со улогата на граѓанските организации, занивното функционирањње, работата што ја вршат, зачленувањето и како демократијата се става во движење преку нив.

Учениците беа многу љубопитни да ја разберат улогата на граѓанските организации.

Служба за информирање