Советот на млади и учениците од медицинско го одбележаа Светскиот ден на здравjeто

06.04.2018
Советот на млади на општина Гостивар, по повод 7 април – Светски ден на здравјето, на градскиот плоштад, организираше денес бесплатни здравствени прегледи и консултации.
Носител на активноста беше Одделението за здравство при Советот на млади, а активноста беше спроведена во соработка со учениците од Средното медицинско училиште и со поддршка на Општина Гостивар.

“По повод Денот на здравјето, ја организираме оваа активност, каде што нудиме мерење на крвниот притисок и нивото на гликоза во крвта, како и да и бесплатни совети за случајните минувачи.

Ова го правиме со цел да се подигне свеста на населението за редовни прегледи и да се реагира превентивно при нарушување на здравјето”, објасни Миран Исмаили, раководител на Одделението за здравство при Советот на млади на општина Гостивар.
Со цел промовирање на здрава исхрана и здрав начин на живеење, организаторите со пушачите разменуваа цигара за јаболко.

Служба за информирање