Ученици од ОУ “Гоце Делчев“ на посета во Општина Гостивар

,

26.04.2018

Учениците од четврто одделение, паралелки на македонски јазик, при Основното општинско училиште “Гоце Делчев“- Гостивар, во придружба на нивните учителки, денеска беа во посета на Општина Гостивар, за да се запознаат како функционира локалната власт.

При посетата тие се сретнаа со градоначалникот Арбен Таравари и неговите соработници, а ги посетија и просториите каде што општинската администрација ги извршува своите задачи.
Градоначалникот Арбен Таравари и членовите на неговиот кабинет, ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа со јазик разбирлив за нивната возраст, посакувајќи им кога ќе пораснат да станат дел од општинската администрација, да преземат раководни позиции, а некој од нив да стане и градоначалник.

Учениците од ООУ “Гоце Делчев”, разговараа со градоначалникот Таравари и му поставија многубројни прашања.

Служба за информирање