Поддршка од АДРР “Сонце“ – Тетово за градоначалникот Таравари

22.06.2018

Ромска асоцијација за развој на демократијата АДДР “Сонце“ Тетово, реагира во однос на изземањето од дневен ред на точката за усвојување на локалните акциони планови во Советот на Општина Гостивар. Во реакцијата се наведува дека оваа Асоцијација ги поддржува процесите кои водат кон унапредување на положбата на Ромите на локално ниво согласно РОМАКТЕД програмата “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ и потпишаниот Меморандум за Разбирање со општините, Советот на Европа и Министерството за труд и социјална работа.

Писмото ви го пренесуваме интегрално:

Reakcija ADDR SONCE – Tetovo