Се поставува декоративно осветлување на зелените површини во Гостивар, градот добива атрактивен изглед во вечерните часови

25.06.2018

Општина Гостивар продолжува со реализација на проекти за подобрување на инфраструктурата, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и разубавување на јавните површини на нејзина територија.

Последниот од низата проекти кој започнал со реализација е поставување на декоративно осветлување на зелените површини во најфреквентните делови на градот. Првично декоративно осветлување е поставено на декоративните кругови во градскиот парк, поточно спроти Судот.

“Декоративно осветлување ќе се поставува на сите зелени површини во главните делови од градот, односно на местата кои најмногу се фреквентирани од страна на граѓаните, како што се малиот парк на градскиот плоштад, дворот на седиштето на Општината, кружните текови, зелениот појас на булеварите и слични површини. Со овој проект, Гостивар ќе добие убав изглед и ќе стане многу атрактивно место за прошетка во вечерните часови “, изјави портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири.

ЈП “Јавни паркинзи и зеленило”, значително ја подобрило состојбата со зеленило во градот и околината, а ваквиот тренд во иднина ќе продолжи со зголемен интензитет.

Служба за информирање