Вчера во Гостивар сe отвори манифестацијата “Денови на иселениците”

16.07.2018

Манифестацијата “Денови на иселениците”, што се одржува под покровителство на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, под мотото “Добредојдовте иселеници”, се отвори вчера со пренос на финалето на Светското првенство во фудбал и Стенд ап комедијата на познатиот комичар Хасим Мемиши Сопи.

“Преку оваа манифестација сакаме на нашите иселеници да им посакаме добредојде и да нивниот престој во родниот крај да им го направиме поатрактивен. Поради фактот што тие остануваат во својата матична земја многу кратко време во текот на годината, нашиот пристап кон нив мора да биде како туристи, иако Гостивар е нивно родно место. Ќе имаме бројни настани во различни сфери, култура, спорт, забава, рекреација, и тоа за сите возрасти и заедници”, рече градоначалникот Таравари.

Пренесувањето на финалниот натпревар Франција:Хрватска и Стенд ап комедијата на Хашим Мемиши Сопи се одржа на градскиот плоштад во Гостивар и бњеа проследени од голем број граѓани и иселеници.

Следниот настан ќе се одржи утре во 18:30 часот во Центарот за култура во Гостивар, каде што театарска трупа од студенти на драмската уметност при УТ, ќе се претстават со комедијата “Сонот на седум студенти”.

Служба за информирање