Гостивар: Бројни културно-спортско-рекреативни активности за време на престојот на иселениците во Гостивар

10.07.2018

Под мотото “Добрoдојдовте иселеници”, годинава Општина Гостивар ќе ги пречека на достоинствен начин нашите иселеници и ќе им овозможи пријатен престој во родниот крај за време на летните одмори.

Првиот чекор што го презеде Општина Гостивар во оваа насока, е реактивирање на Канцеларијата а иселеници во рамките на општинската администрација од 1 јули која ќе биде отворена до 31 август, а ќе дава бесплатни услуги 12 часа на ден.

Покрај тоа, за време на нивниот престој во родниот крај, на иселениците ќе им се овозможи бесплатно да ги носат децата од предучилишна возраст во гостиварските градинки, за што веќе е обезбеден дополнителен кадар, како и следење на бесплатни курсеви по албански јазик.

За да им се посака добредојде, во деновите кога приливот на иселеници ќе биде наjголем, активисти на Младинскиот форум во придружба на општински службеници, на влезот од градот ќе споделат флаери со агендата на културно-спортските активности oд проектот “Денови на иселенеците”.

Разните културно-забавни спортско-рекреативно активности ќе започнат на 15 јули (недела) на градскиот плоштад со Стенд ап комедија под изведба на познатиот комичар Хашим Мемиши Сопи, а предвидени се уште две други театарски претстави.

Во богатата агенда вклучени се и неколку концерти, еден со фолклорни песни и ора, еден концерт со албански забавни песни еден мултиетнички младински концерт и еден концерт со Илахии

За децата ќе се организира специјален концерт и квиз на знаење, и на дневен ред е организирање на турнир во мал фудбал, шаховски турнир и подесување и Тјунинг шоу со авотмобили.

Општина Гостивар, иселениците ги смета како мошне важна категорија на граѓани, и на локално и на централно ниво, така што со цел тие да ги раскинат врските со татковината и да останат и понатаму клучен фактор за економскиот развој на земјава, ќе вложи максимални напори нивниот престој во родниот крај, да им го напраи поатрактивен и да ги привлече помладите генерации редовно да го посетуваат Гостивар.

Општина Гостивар има за цел во оваа насока да послужи како позитивен пример кој што ќе го следат и другите општини, како и Владата.

За следната година, Општина Гостивар планира да ги прошири активностите во времето на летните одмори, а воедно ги охрабрува граѓанскиот сектор и бизнис секторот да преземат разни активности и да соработуваат со Општината, со единствена цел Гостивар да стане омилена дестинација не само за иселениците од Гостивар и околината, туку и од соседните општини.