Градоначалникот Таравари, со апел до граѓаните и полицијата по повод доаѓањето на иселениците

13.07.2018

По повод доаѓањето на иселениците, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на граѓаните на Гостивар и полицијата им упати апел со кој ги повикува да се покажат поширокогради и погостољубиви.

Апелот а градоначалникот Таравари ви го пренесуваме интегрално:

Почитувани граѓани на општина Гостивар,

Деновиве нашите иселеници доаѓаат во родниот крај за да ги поминат летните одмори. Најголемиот прилив се очекува викендов и во деновите што следат. Гостивар, во соработка и со други институции и разни граѓански здруженија, се залага годинава престојот на иселениците во својата татковина, да им го направи што попријатен и што попривлечен.

Иселениците престојуваат само неколкудена во родниот крај, и во тие денови, трошат и инвестираат толку многу пари што ја држат во живот економијата на државава.

Ако мал дел од нив, во главно помладите, не се доволно дисциплиниран во сообраќајот, и заедно со други млади од нашиот град се однесуваат на начин кој потешко можат да го прифатат постарите генерации, сепак треба да биде малку поширокогради и потолерантни, сé додека нивното однесување не остава последици, или не претставува некоја посериозна повреда на законот и нормативите.

Оттука, и годинава упатувам апел до Полициската станица – Гостивар, односно до командирот на Полициската станица, да ги мобилизираат што поефикасно полициските службеници да бидат на ниво на задачата, повеќе да влијаат превентивно и што повеќе да асистираат што повеќе за успешно справување со гужвата во сообраќајот, без да се има потреба за казнени мерки.

Со почит,

Арбен Таравари – градоначалник на Гостивар