Децата од Центарот “Флуент” ја посетија Општина Гостивар

03.08.2018

Децата кои следат курсеви по странски јазици во Центарот “Флуент” во Гостивар, во придружба на нивните наставнички, денеска ја посетија Општина Гостивар.

Нив ги придружи портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири, кој направи една презентација прилагодена на нивната возраст, за начинот на функционирање на локалната самоуправа.

Децата го посетија кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари, салата на Советот на Општината, како и некои канцеларија на општинската администрација.

Портпаролот Демири им посака успех во нивната едукација и ги пофали за нивното внимание, поставените прашања и за вештината да разберат работи што можеби не е одговараат на нивната млада возраст.

Служба за информирање