Комеморација во чест на првата гостиварска воспитувачка Албанка, Вафирe Сејфули

24.09.2018

Во салата на Советот на општина Гостивар, се одржа комеморација во чест на првата гостиварска воспитувачка Албанка, Вафире Сејфули, на која присуствуваа членови од семејството, колешки, поранешни нејзини ученици и пријатели.

Исто така, присутен беше и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари кој што бил нејзин ученик и и лекар кој заедно со сега веќе покојната воспитувачка се бореле со тешката болест во последниве неколку години.

“Со најдлабоко жалење ја испративме пред неколку дена госпоѓата, учителката, нашата мајка Вафире Сејфули. Постојат некои луѓе кои го обележуваат животот, кои секогаш остануваат во нас, кои се архитекти на карактерот и личноста. Една од нив беше мојата прва воспитувачка и учителка која за жал замина од овој живот, оставајќи ни болка и тага “, рече Таравари и додаде” Учителката Вафире беше пример за професионалец, за среќа бевме ученици на една исклучителна жена која воедно беше и учителка и мајка. Среча и чест е за Гостивар што животот и делото на учителката Вафире се одвиваа тука “.

Меѓу другото, Таравари истакна и дека младите воспитувачки и учителки треба да го следат примерот на Вафире Сејфули.

“Нека е вечен споменот за нашата сакана воспитувачка, учителка и мајка! Сочувство до нејзиното семејството и и нејзините билски”, рече на крајот од својот говор градоначалникот Арбен Таравари на комеморацијата во чест на првата албанска воспитувачка во Гостивар, Вафире Сејфули.

За животот и дејноста на покојната учителка Вафире Сејфули зборуваа и ченови од нејзиното семејство Афердита Курти и Вилдане Сејфули, како и раководителката на Секторот за образование Аслиан Снопче и нејзината колешка Јелица Стефаноска.

Вафире Сејфули родена е на 21 март 1948 година во село Бањица. Вишата педагошка школа ја завршила во Гњилане. Освен како воспитувачка и учителка, придонес дала и во разни невладини организации, а љубовта за едукација на младите генерации ја натера и по пензионирањето да работи како воспитувачка во една детска градинка.

Служба за информирање