Започнаа работите за реконструкција на улица “18 Ноември” во делот кај Ново Маало, паралелно се изведуваат и многу други проекти во Гостивар и околината

08.21.2018

Започнаа, во петокот, градежните работи за реконструкција на улица “18 Ноември” во делот од кај Џамијата до кај трафо-станицата населба Ново Маало.
Делот од улицата што ќе се реконструира е со должина од 480 метри и со просечна ширина од 6,5 метри, каде што најпрвин ќе се ископа или или само ќе се гребе постојниот асфалт, зависно од реалната потреба, а потоа ќе се нивелизираат шахтите и ќе се заменат дотраените улични рабници.
Вреди да се напомене дека сегмент овој дел од улицата е доста фреквентен, бидејќи станува збор за густо населена населба која се поврзува со други важни улици.

Инаку, во тек е реализацијата и на неколку други инфраструктурни проекти во Гостивар и околината. При крај се подготовките за асфалтирање на улицата што води кон Полициската станица, се гради канализација во Беловиште, Мало Турчлане и Горна Бањица, продолжува псотавувањето на хоризонталната сигнализација во штотуку асфалтираните улици и други главни градски улици, се спроведуваат еколошки акции, се создаваат нови зелени површини, како и низа други проекти од разни области.

Служба за информирање