Уредено зеленилото на кружните текови во Гостивар

,

02.10.2018

Општина Гостивар преку Јавното претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило”, иврши хортикултурно уредување на сите кружни текови на булеварите и главните улици.

Претходните декоративни растенија беа или сезонски или подложни на посурови климатски услови, па затоа се заменија со соодветни растенија отпорни на секое годишпно време.

Од ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило”, информираат дека во тек е поширока акција за хортикултурно уредување, бидејќи овој период од годината е најсоодветен за садење.

“Есента е идеална за садење на надворешни растенија. Растенијата кои ги садиме не само на кружните текови, туку и на други зелени површини во Гостивар, освен што носат задоволство за очите, тие ја смируваат нашата енергија, и ни помагаат да се одмориме”, велат од ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило” – Гостивар.

Служба за информирање