ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека во понеделник (05.11.2018 година) во 08:00 часот ќе започнат работите за реасфалтирање на патната делница од завршетокот на булеварот “Браќа Ѓиноски” до распаќето во село Долна Бањица.

При изведување на градеѓните работи, во оваа делница сообраќајот ќе се одвива отежнато а во одредени периоди ќе биде во целосен прекин.

Општина Гостивар и изведувачот, Ви благодарат за разбирањето.

Служба за информирање – Општина Гостивар