Косовскиот амбасадор Дедај, на посета за сочувство кај градоначалникот Таравари

21.09.2019

Косовскиот амбасадор во Скопје, Ѓерѓ Дедај, денеска ја посети општина Гостивар, каде што се сретна со градоначалникот Арбен Таравари. Целта на оваа посета беше да им изрази сочувство на граѓаните на Гостивар за загинатите од 13 февруари и да посака брзо оздравување на повредените.

“Денес, со посета не удостои амбасадорот на Косово, Ѓерѓ Дедај за да ни изрази сочувство за трагедијата од 13 февруари на која 15 лица загинаа, а повеќе од 30 беа повредени. Сите ние се молиме вакви трагедии да не се повторат. Се разбира, болката се споделуваа со пријатели и познаници, и јас срдечно му се заблагодарувам на амбасадорот Дедај за ова братска средба. Се надевам дека нашите одоноси ќе бидат коректни и во иднина, онака како ни личи на нас Албанците “, изјави Таравраи по средбата.

Амбасадорот Дедај дека е денес во општина Гостивар за да се сретне со градоначалникот Таравари и да му изрази сочувство за Загинататие и да му посака што поскоро опоравување на повредените и излегвање од болница

“Јас дојдов денес да се сретнам со градоначалникот Таравари, да му изразам нему и на граѓаните на Гостивар сочувство од народот на Косово и институциите, за трагедијата што се случи на автобуска линија Скопје-Гостивар, која не трогна сите, бидејќи животот го загубија многу млади луѓе. Изразуваме длабоко и искрено сочувство до сите семејства кои ги загубија своите најблиски. Исто така, беше ова посета за запознавање со активности на градоначалникот на Гостивар, напредокот во оваа општина како една од најважните општини во Република Северна Македонија “, рече меѓу другото амбасадорот Дедај.

Инаку, ова беше прва посета на Ѓерѓ Дедај во Гостивар, од неговото назначување за амбасадор на Република Косово во Скопје

Служба за информирање