Таравари го прими американскиот активист Алекс Зито – разговараа за спречување на миграцијата на младите

03.06.2019

Спречувањето на миграцијата на младите лица, беше целта на денешната средба на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари со американскиот активист Алекс Зито.

Зито, кој води едно здружение чија мисија е спречувањето на миграцијата на младите на глобално ниво, се заинтересира за состојбата по ова прашање во Македонија, со посебен акцент во општина Гостивар.

Градоначалникот Таравари го запозна дека проблемот со миграција на младите веќе преминало во тренд и зазема вознемирувачки размери како во Гостивар така и во целата држава.

“Миграцијата на младите е едно од прашањата што најмногу ме вознемируваат и кое што редовно го нагласувам во моите написи и речиси на сите мои јавни настапи. Како градоначалник и како политичар, се ангажирам оваа појава да се намали што повеќе, бидејќи ризикуваме земјата да остане без млади, значи без иднина”, истакна Таравари.

Тој посочи дека за да се постигне оваа цел, сегашната централна власт треба да креира здравжи политики, да владее правната држава, да се отворат нови перспективи за младите и да се преземат бројни конкретни мерки.

“Ова, согласно нашите можности, се трудиме да го направиме на локално ниво”, подвлече Таравари.

Служба за информирање