Наскоро ќе се отвори уште една детска градинка во Гостивар

19.07.2019

Во зградата на поранешното Основно училиште во село Долна Бањица, се работи интензивно за нејзина адаптација во Градинка.

Станува збор за инвестиција на Општина Гостивар во износ од околу 50 илјади евра, со што ќе се направи целосна реконструкцијата на објекот.

Внатрешната и надворешна реконструкција опфаќа нова електрична инсталација, нови санитарни јазли, керамички плочки, нов систем за водоснабдување и канализација, а и старите прозорци ќе се заменат со прозорци со енергетска ефикасност. Што се однесува до централното греење, ќе се инсталира топлинска пумпа како најсовремен стандард.

Се очекува работите да завршат наскоро, а новата детска градинка ќе биде подготвена да прифати деца од сите националности, односно нивното згрижување и воспитување да се одвива на албански, македонски и турски јазик.

Од Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар, велат дека ова се должи на фактот што на листата за чекање на ЈУДГ “Детска радост” бројот е постојано висок и дека ова ќе биде добра прилика, особено за жителите на двете Бањици на наслебите Дутле, Леска, Бањешница и Фазанерија, да ги запишат децата во новата градинка.

Служба за информирање