Гостивар го одбележа Светскиот ден без автомобили

,

22.09.2019

Светскиот ден без автомобили во Гостивар се одбележа во организација на Општината. По тој повод се одржа дефиле со велосипеди низ главните градски улици, поточно во централното градско подрачје.

На настанот учествуваа десетици граѓани од двата пола и од сите возрасни групи кои го гледаат велосипедот како поеколошкио, поздраво и поекономично превозно средство.

Градоначалникот Арбен Таравари, кој исто така присуствуваше на настанот, рече дека ова е втора активност овој викенд за подигање на свеста на граѓаните за заштита на животната средина.

– Како Општина Гостивар, ние имаме проект за набавка на велосипеди, околу 20-30, кои ќе ги ставиме во служба на граѓаните за да можат да ги користат за задоволување на нивните потреби кога не е неопходно да користат автомобили. Како градоначалник ќе се обидам да влијаам врз општинската администрација, да што е можно повеќе да користат велосипеди, и барем оние што живеат во градот, според можнпстите на работа да доаѓаат без автомобили, подвлече Таравари.

Целта на оваа активност е да се намали глобалното затоплување барем на еден ден, поттикнувајќи ги луѓето да бидат помалку зависни од своите автомобили и да бараат други алтернативи.

Служба за информирање