Кризниот штаб рапортираше за успешниот тек на активностите

29.11.2019

Во просториите на Општина Гостивар денес одржа состанок Кризниот штаб за превоз на помошта наменета за подрачјата погодени од земјотресот.

Состанокот, во својство на претседател на кризниот шптаб, го водеше градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој им се заблагодари на членовите за нивната посветеност за непречено одвивање на активностите и им ја пренесе благодарноста на граѓаните на Драч и Тумана, како и на албанските власти. за пружената помош, која му ја изразиле за време на посетата на подрачјата погодени од земјотрес.

Членовите на кризниот штаб детално го информираа градоначалникот Таравари за предизвиците и успешното справување при собирањето помош на јавни места, обезбедување соодветна документација за транспорт и асистенцијата на јавните комунални претпријатија и противпожарната единица при спроведување на активностите.

Беше одлучено кризниот штаб да продолжи да биде активен сè додека ќе биде потребно.

Служба за информирање