ИЗВЕСТУВАЊЕ – ОТВОРЕН ДЕН СО ИСЕЛЕНИЦИТЕ

26.12.2019

Почитувани,

Ве информираме на 28.12.2019 год. (сабота), од 18:00 часот, под мотото “Добредојдовте во вашиот дом“, Општина Гостивар организира Отворен ден со иселениците.

Целта на оваа активност е да им се овозможи на нашите иселеници, при нивниот престој во родниот крај за време на новогодишните празници, одблизу да се запознаат со работата и активностите на Општината, а воедно да можат да дадат свои забелешки, сугестии, предлози и идеи базирани на искуствата од државите каде живеат и работат.

Служба за информирање