Општина Гостивар го одбележа Меѓународниот ден на лицата со поpеченост

03.12.2019

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, градоначалникот на Гостивар организираше ручек за децата од Дневниот центар и учениците од специјалните паралелки од основните училишта “Исмаил Ќемали“ и “Мустафа Кемал Ататурк“.

Во оваа пригода, Таравари истакна дека целото општсетсво уште треба да работи за интеграцијата на овие лица во нашиот град за да се добие соодветна форма. Тој изрази убедување дека следната година овој ден ќе биде одбележан во новиот Центар што ќе го отвори Општина Гостивар за овие лица и за деца со аутизам, со локација во поранешниот приватен колеџ “Јахја Кемал“.

“Ова е трета година што континуирано го славиме Денот на лицата со посебни потреби во Гостивар. Ние како Општина сме се залагале со сите групи на луѓе во општеството кои имаат поинакви потреби, да организираме по некој настан, за да бидеме близу до нив и да им обезбедиме подобри услови. Се надеваме дека ова ќе биде последна година што го славиме во некој ресторан, а следната година се надеваме да славиме во новиот Центарот за деца со посебни потреби и таму во најсоодветни услови заедно со овие деца да ја споделиме љубов“, рече градоначалникот Арбен. Таравари.

Од друга страна, одговорната за социјални прашања при Општина Гостивар – Афердита Хамза, истакна дека годинава, за разлика од минатите години не предвидоа повеќе активности поради настраданите на земјотресот во Албанија.

Во знак на благодарност за организираната активност, присутните деца, на градоначалникот Таравари му поколнија една слика и разгледници подготвени од нив самите.

Служба за информирање