Повторно отворена Канцеларијата за иселениците

26.12.2019

По повод престојот на иселениците во родниот град, Општина Гостивар повторно ја стави во функција Канцеларијата за иселениците. Оваа канцеларија е сместена во Центарот за општински услуги што се наоѓа на приземјето на општинската зграда ќе работи во сабота и недела (28 и 29 декември 2019 година) од 10:00 до 19:00 часот.

Општина Гостивар им посакува на сите мигранти пријатен престој во својата татковина!

Служба за информирање